На Стоматологија генералното чистење и целосна дезинфекција поради бактеријата МРСА
Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ во Скопје соопшти дека по откривањето бактеријата МРСА кај еден од вработените, кој е изолиран и не доаѓа на работа, покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на вработените, денеска превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника и од страна на овластена институција.
Од Стоматолошкиот клинички центар посочуваат дека нема новопријавени случаи и дека ги очекуваат останатите резулатати од санитарниот преглед на вработените.
Во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од каков било сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги, стои во соопштението од Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам