Живот
4. November 2019 - 15:10

На социјалните мрежи излезе фотографија од скршената нога на Андре Гомеш, фудбалерот денес оди на опреација

Фудбалскиот свет остана шокиран по тешката повреда на Андре Гомеш на вчерашниот натпревар помеѓу екипите на Евертон и Тотенхем.

Португалецот настрада по еден старт на Сон, а на неговата нога налета и Орие по што следеше тешка скршеница на глуждот. Стапалото му се сврти, а на „Гудисон“ сите останаа занемени.

Сега излегоа наводни фотографии од ногата на Гомеш откако му била извадена копачката. Истите се вознемирувачки и не се за оние со слаб желудник. Инаку од Евертон потврдија дека Гомеш претрпел скршеница на глуждот и дека денес ќе оди на операција.