На штипското Инфективно одделение починале двајца пациенти
Педесет и осум пациенти се лекуваат на Инфективното и Кожно одделение во штипската клиничка болница. Марина Шуманска портпарол на Клиничка болница-Штип за МИА вели дека 48 пациенти се на Инфективното, а десетте пациенти се на Кожно одделение, колкав што е и капацитетот.
Овие пациенти на кожното одделение се со полесна клиничка слика или чекаат да им пристигнат последните тестови, за да заминат од болницата. Двајца пациенти на возраст од над 50 години се починати во текот на вчерашниот ден на Инфективното одделение. Станува збор за пациенти од Радовиш и радовишкото село Бучим.
Интерното одделение во Кочани од денеска ќе прима Ковид пациенти. Со тоа капацитетот во Општата болница-Кочани се зголемува за дополнителни 16 кревети. Сега вкупно може да згрижат 44 пациенти со полесна клиничка слика. За пациентите во кочанската болница се грижат двајца интернисти и двајца анестезиолзи.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
