На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

На Попова Шапка утрово се измерени - 7 степени целзиусови, во Гевгелија седум.
Според информациите од УХМР, утрово -5 степени се измерени во Маврови Анови, -4 Битола, Охрид, Претор и Крушево, -2 Прилеп, Тетово, 0 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец и Берово, 2 степени во Куманово и Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Штип, Велес и Кавадарци, 5 Струмица и Дојран и 6 степени во Демир Капија.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро и студено време со мала облачност, а во источните делови локално имаше зголемена облачност. На североистокот провејуваше слаб снег. Преку целата ноќ се задржа ветровито, особено долж Повардарието, каде дуваше засилен северен ветер.
- Утрово во поголем дел од земјава е ведро и студено, а во источните делови има умерена до значителна облачност. Дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Ново на Сител
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
