На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи
Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи, 27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека во рамките на проверките за спречување илегален излез и справување со трговијата со мигранти, од 13 до 15 август 2022 година на регионалните аеродроми во јужниот дел на Егејско Море беа уапсени вкупно 27 странски државјани, обвинети за поседување и користење фалсификувани патни исправи.
Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос.
Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ