На располагање 80 милиони евра од ИПАРД 2, неопходно подобро искористување
Повлекувањето на ИПАРД средствата треба да доведе до структурни промени во македонското земјоделство, до промени во управувањето со земјоделските стопанства, производството и пласманот, порачаа учесниците на денешната дебата во Собранието на Република Македонија.
Според нив, ИПАРД е дел од заедничката европска аграрна политика (ГАП) чија единствена цел е да ги подготви идните земји членки на ЕУ за користење на нејзините структурни фондови.
- Македонскиот аграрен и рурален сектор се соочува со низа предизвици, подобрување на квалитетот на производството, конкуренцијата на регионалниот, европскиот и светскиот пазар, модернизација и отворање работни места. Но, пред нас стои уште еден голем предизвик, искористувањето на ИПАРД 2, програма која до 2023 година на земјава и нуди 80 милиони евра, истакна директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски.
Интересот за ИПАРД 2 е голем, нагласи Бабовски, со оглед дека на првиот јавен повик реализира лани се доставени рекорден број барања, 1.649, за над 73 милиони евра за кофинансирање.
Директорот предочи Македонија не ги искористи доволно првичните средства од ЕУ фондовите, проектирани со ИПАРД 1 во периодот 2007-2013.
- До 2015 година беа објавени 12 повици на кои се доставија 3.087 барања, а склучени беа 1.091 договор со исплатени нешто над 16 милиони евра, рече Бабовски.
Тој потенцира дека искористувањето на ИПАРД средствата е стратегиски приоритет на Владата и во оваа насока веќе се прават конкретни чекори, се формира гарантниот фонд, а изготвен е и акциски план за зголемување на административните капацитети и подигнување на јавната свест за потребата од европската помош.
На дискусијата која е во тек ќе бидат споделени искуствата на Словачка, а ќе зборуваат и претставници од релевантните институции од земјава.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање