На Рама не му дадоа да се слика со Пенс: Му забранија фотографирање зошто носел бели патики
Албанскиот премиер Еди Рама кој учествуваше на Самитот на американски - јадранската повелба во Подгорица, не се наоѓа на тн. фемили фото со потпретседателот на САД Мајкл Пенс, а неговиот некогашен колега Сали Бериша, тврди дека тоа е затоа што Рама бил во бели патики.
Како што јавуваат албанските медиуми, посетата на Пенс на Балканот е несомнено еден од најважните настани во последно време.
Се напоменува дека Пенс на Самитот ја нагласил улогата на Црна Гора и користа која Подгорица ќе ја има од влезот во НАТО. Медиумите, меѓутоа напоменуваат дека Пенс со ниту еден говор не ја споменал улогата на Албанија во регионот.
-И не само тоа. Она што е уште најупадливо е фактот дека Рама го нема ниту на службената фотографија на балканските лидери со Пенс, рече Бериша.
Тој на социјалните мрежи напиша дека причината за тоа што го нема на „фамилијарната фотографија“ е тоа што носел бели патики.
Инаку, појавувањето на Рама и целиот негов невообичаен стајлинг стана вообичаен во последно време.
Рама, наводно на вечерата кај шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини се појавил невообичаено во тренерка, а потоа на самитот на лидерот на „западнобалканската шесторка во Трст“ дошол исто така во бели „адидас“ патики.
Ново на Сител
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката
-
Во торбата и пронашле куршуми, уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром