Македонија
10. July 2022 - 20:49

На радар фатен со 206 км/ч

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на радар фати автомобил кој се движел со 206 км/ч на автопатот Куманово - Скопје - Велес.

- Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.  

Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.