На претседателските избори во Полска неочекуван успех на екстремната десница

На вчерашниот прв круг од изборите за претседател на Полска, неочекуван сензационален успех доживеа крајната десница, кога Славомир Менцен од радикалната националистичка Конфедерација, според прогнозите за исходот, освои 15,4 отсто и е трет, а на четврто место се најде Гжегож Браун со неочекувани 6,2 отсто од гласовите.
Ако официјалните резултати ги потврдат излезните прогнози, вториот круг на 1 јуни ќе биде уште понеизвесен од предизборните анкети, бидејќи кандидатот на владејачката коалиција, проевропскиот градоначалник на Варшава Рафал Часковски, освои 30,8 отсто од гласовите, а неговиот ривал, кандидатот на конзервативните националисти од партијата Право и Правда, директорот на Институтот за паметење на народот Карол Навроцки, освои 29,1 отсто.
За вториот круг, поважни од поединечните проценти за кандидатите, според оценките на аналитичарите, се вкупните проценти на гласови на кои може да смета концептот на проевропска Полска, со независно судство и медиуми и силно граѓанско општество, и Полска по углед на Унгарија на премиерот Виктор Орбан.
Проевропските, демократски кандидати во првиот круг освоија 39,7 отсто од гласовите, додека конзервативците од опозициската партија Право и Правда заедно со радикалните националисти и крајната десница освоија 51,5 отсто од гласовите.
Карол Навроцки во првата реакција на изборната прогноза предупреди на опасноста владејачката коалиција на премиерот Доналд Туск да добие монопол на власта во Полска, бидејќи има мнозинство во двата дома на парламентот, а ако Навроцки биде поразен, ќе има и претседател.
– Ова е момент да ја спасиме Полска, побара Навроцки поддршка од Менцен, а на премиерот Туск му се закани дека ова му е последен момент да обезбеди вториот круг да биде фер.
– Ангажирањето на институциите во изборната кампања ја урива довербата на Полјаците во институциите. На 25 мај ве повикувам на голем марш. Мораме да го запреме тој поход на Туск кон монопол на власта, рече Навроцки.
За време на осумте години додека партијата Право и Правда беше на власт, која го избра Навроцки за свој кандидат и му ја финансира кампањата иако тој се декларира како независен кандидат, во Полска постоеше токму таков монопол за кој сега Навроцки го обвинува премиерот Туск.
Право и Правда на Јарослав Качињски имаше мнозинство во парламентот, а 10 години и претседател – Анджеј Дуда, кого неистомислениците го нарекуваа „претседател пенкало“ бидејќи ги потпишуваше сите реформи и закони што му стигнуваа од неговата партија.
И набљудувачите на ОБСЕ на претседателските, но и на парламентарните избори во текот на тие осум години предупредуваа на нефер изборни услови, кога јавниот ТВ сервис, тогаш под контрола на власта, водеше кампања против тогашната демократска проевропска опозиција, а јавните средства се користеа за предизборни кампањи на власта, вклучително и злоупотреба на функционерски кампањи, пренесе Бета.
Ново на Сител
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
-

Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
