На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места.
-На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Република Македонија. Им благодариме на сите граѓани, рече тој.
Муцунски им се заблагодари на македонските граѓани за одзивот, решителноста, одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна.
-Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното, на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај, рече Муцунски.
Ново на Сител
-
Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто
-
На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ
-
Ако денеска не се избере градоначалник, втор круг на изборите ќе има на 2 ноември
-
Сиљановска-Давкова: Очекувам уште денеска да знаеме како се движат работите
-
Заврши гласањето, почнува броењето
-
Филипче: Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори
-
Мицкоски: Очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ
-
До 17 часот најголема излезност на гласачи во Општина Тетово со 41,50 проценти