На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор
На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени.
Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес и Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 1 степен во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар - 16 литри на метар квадратен, 12 во Маврови Анови, Охрид, 10 попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.
Висината на снежната покривка, како што информираа од УХМР, во 07 часот е 35 сантиметри во Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец и 1 сантиметар во Струмица и Демир Капија.
Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.
Ново на Сител
-
Сиљановска - Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии