-->
-->
На Попова Шапка 90 сантиметри снег, во Маврово – 80 сантиметри
-->
Врнежите во поголем дел од земјава се од снег, а само во крајните источни делови се од дожд, каде се и најинтензивни и имаат пороен карактер. Во ноќните часови врнежите ќе се намалуваат. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утре врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има во источните и јужните делови, а во крајните југоисточни ќе бидат од дожд и снег, информираат вечерва од Управата за хидрометеоролошки работи.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 97 сантиметри, во Маврово – 80 сантиметри, во Лазарополе – 50 сантиметри, Пожаране – 45 сантиметри, во Тетово – 16 сантиметри, во Скопје – 15 сантиметри, Демир Капија – 13 сантиметри, Претор – седум сантиметри, во Тополчани и Битола – пет сантиметри и два сантиметри во Берово.
Врнежите од снег ќе продолжат и во Скопската Котлина, во ноќните часови ќе се намалуваат по интензитет.
Во Гевгелија наврнаа 68 литри на метар квадратен, во Демир Капија – 63 литри, во Струмица – 40 литри, во Виница – 23 литри, во Берово и Пожаране – 20 литри, во Штип – 16 литри, во Тетово – 14 литри…, информираат од УХМР
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност