На Попова Шапка 34 сантиметри снег

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде се измерени - 3 степени Целзиусови, а таму има и снежна покривка со висина од 34 сантиметри. На останатите места во државава нема минусни температури.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Скопје -Петровец, Kрушево и Маврови Анови, се регистрирани 0 степени, 1 во Тетово и Лазарополе, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, 3 во Прилеп, Велес, Берово и Кавардарци, 4 во Охрид, Крива Паланка и Претор, 5 во Битола и Виница, 7 во Гевгелија, 8 во Штип, 9 во Демир Капија.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 12 литри на квадратен метар, по што следуваат со 10 Лазарополе и Пожаране, шест Пожар, пет Тетово, четири Kрушево, три Претор, Попова Шапка, два Битола, Охрид, Гевгелија, еден во Демир Капија, Кавадарци, Струмица, Берово, Прилеп.
УХМР за денеска најави променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
