Македонија
4. September 2020 - 13:40

На помалку од еден месец од стартот на новата учебна година платформата за онлајн настава се уште не е готова

На помалку од еден месец од почетокот на новата учебна година, националната платформа за онлајн настава се уште не е подготвена. Платформата во овој момент е во бета, или тест верзија. Според новата министерка за образование, Мила Царовска, позадинскиот дел од платфорамата е готов, но треба да се работи на „интерфејсот“.

-Таа е веќе во тест верзија. Пред мене беше презентирана. Јас велам треба да се направи што е можно поедноставна. Позадинскиот дел е завршен и подгтовен и тоа не е спорно. Кога ќе биде направен и тој интерфејс ќе биде и пред вас медиумите презентиран. Зошто? За што е можно повеќе граѓани добијат слика како тоа ќе изгледа, а со тоа и децата и родители и наставниците ќе се изложат порано на таа платформа. Секако, од тој момент започнува интензивната обука со обука на кортим кој ќе одржува обуки за платформата натаму на сите училишта. Секако дека нема да постигнеме да сите во ист момент имаат еднаков квалитет за таа платформа. Но таа биде едноставна верувам наставниците многу брзо ќе се приспособат на неа и ќе имаме добра настава во 2020/2021, рече Царовска. 

Во однос на родителите кои имаат деца на школска возраст, односно од 6 до 10 години, Царовска рече дека мерката се уште е во сила. Царовска вели дека треба да донесе решение на кој начин и за кого ќе остане мерката во сила откако и градинките и училиштата ќе почнат да работат.

 

Даниел Василев