-->
-->
На полиците во угостителски објект откриен алкохол со сомнително потекло
-->

Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два малопродажни објекти во Битола откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што истите "заработија" парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.
Дополнително, при контрола на угостителски објект спроведена во текот на мината ноќ, од страна на инспекциските служби на УЈП откриен е алкохол со сомнително потекло (без бандероли) кои се служел на гостите, поради што повикани се мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.
Во наредниот период, УЈП особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
