-->
-->
На подрачјето на СВР-Струмица драстично е намален бројот на прекршителите на забраната за движење
-->
Само шест граѓани ја прекршиле наредбата за движење во определен период на подрачјето на СВР-Струмица изминатото деноноќие, соопштија денеска од полицијата.
Од овие лица, четири се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш и по едно во Струмица и Гевгелија, а во просториите на полициските станици е приведено едно лице.
За споредба, ноќта меѓу 29 и 30 март забраната ја прекршиле 31 лице, што е за 27 лица помалку само за 24 часа.
Од полицијата до надлежните обвинителства вчера се поднесени и три кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење. Од нив две пријави против три лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и една пријава против три лица до ОЈО Валандово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот