Џет-Сет
13. February 2017 - 15:32

На пејачката и се исполни желбата: Еве какво бебе ќе роди Ана Николиќ

Српската пејачка Ана Николиќ заедно со сопругот Раста дознаа дека таа носи женско бебе.

Оваа вест ги израдува пејачката и раперот, па овие денови смислуваат име за ќеркичката. Бидејќи Ана има 38 години и спаѓа во постари прворотки со можна ризична бременост, деновиве морала да направи и дополнителни прегледи.

Ана направила пренатален тест, кој врз основа на крвта на мајката утврдува дали е се во ред со фетусот, а може да се дознае и полот на бебето. По три дена чекање, Ана и Раста дознаа дека нивното бебе е потполно здраво и ќе биде девојче.

Пејачката која е во петтиот месец од бременоста, неодамна престана да настапува, иако добро се чувствува.