На пазар во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота, уапсени две момчиња
Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес кои на пазарот во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.
Како што информира МВР, тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари.
Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат