На патот за Центар Жупа се запали автомобил во движење, нема повредени
На патниот правец Дебар – Центар Жупа, од се уште непознати причини на десеттина километри од Дебар се запалил автомобил во движење, но за среќа нема повредени.
– Вчера во Одделението за внатрешни работи – Дебар е пријавено дека настанал пожар во патнички автомобил „сеат ибица,“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Дебар, додека се движел на регионалниот пат Дебар-Центар Жупа, во близина на селото Мелничани, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека повредени лица нема, а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.
Ова е втор ваков посериозен случај на патиштата во Дебарско во последните две години. Во почетокот на август 2020 година на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, опожарен беше патнички автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кој исто така немаше повредени.
Пожарот се појавил во текот на управување, во предниот дел на возилото по што возачот веднаш го сопрел возилото и со сопатникот го напуштиле автомобилот кој, набрзо целосно изгорел.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
