На островот Лезбос повеќе нема место за погребување на мртвите
Грчкиот остров Лезбос остана без места за погребување на телата на мигрантите, кои се обидуваат да стигнат до Европа, изјави градоначалникот Спирос Галинос, а тимовите за брза помош на островот почнаа протести поради намалувањето на буџетот за прекувремена работа.
Речиси неподносливиот притисок врз мртовечниците на Лезбос, гробиштата и брзата помош се појави како последица на рекордниот број мигранти и бегалци, кои го минале Медитеранот минатиот месец.
Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 218 илјади мигранти пристигнале минатиот месец, што е месечен рекорд, а е поголем број во однос вкупниот број мигранти во 2014 година.
Галинос изјави дека во мртовечницата се наоѓаат повеќе од 50 тела, за кои властите и натаму се обидуваат да пронајдат место за погреб. Тој додаде дека се обидел да ја забрза процедурата да средување на земјиштето покрај гробиштата со цел да се ископаат нови гробови.
Стотици илјади лица оваа година тргнаа на кусо и опасно патување од Турција до грчкото крајбрежје.
Возачите на брзата помош протестираа во главниот град на островот, Митилини, а на децата бегалци им дадоа облека.
Шефот на здружените работници на брзата помош Костас Филис изјави дека пет возила чекаат на поправка и оти поради недостиг на персонал тие се принудени да работат и до 16 часа дневно.
Ново на Сител
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина