Џет-Сет
14. August 2017 - 9:14

На Оливер Стоун врачено „Почесно срце на Сараево“

На холивудскиот режисер Оливер Стоун, повеќекратен добитник на наградата оскар, врачена му е наградата „Почесно срце на Сараево“.

Стоун, кој прошета по црвениот килим е една од најголемите ѕвезди на овогодинешниот 23. Сараево филм фестивал, од публиката беше пречекан со бурен аплауз.

Познатиот режиосер е добитник на три Оскари, а наградуван е и на фестивалите во Берлин и венеција. Режирал повеќе од 20 долгометражни филмови и голем број документарци, а меѓу неговите остварувања е и филмот за американскиот „свиркач’ Едвард Стоун.

Неодамна направи серија интервјуа со рускиот претседател Владимир Путин, а тој филм, исто така, ќе биде прикажан на овој фестивал. 

Ново на Сител