На Олимпијадата во Токио се појави прв случај позитивен на коронавирус
Член на олимпискиот боксерскиот тим на Уганда беше позитивен на КОВИД-19 како дел од задолжителните проверки на сите спортисти кои допатуваа во Токио.
Девет угантски боксери, тренери и официјални лица вчера пристигнаа на аеродромот „Нарита“ во Токио. Тоа е втора странска репрезентација што допатува во Јапонија на Олимписките игри, по австралискиот женски тим во софтбол. Австралијките се на јапонско тло од 1 јуни и досега имаа негативни тестови.
Но, спортистот од Уганда, чие име не се открива, ја донесе инфекцијата на Олимписките игри. По два позитивни резултати, тој беше изолиран. Според весникот „Асахи“, сите девет спортисти од Уганда претходно биле вакцинирани со „Астра Зенека“ и имале негативни тестови за ПЦР тестови пред да се качат на авион.
Уганда бележи зголемување на инциденцата на коронавирус.
Олимписките игри во Токио започнуваат на 23 јули.
Ново на Сител
-
Нов обид на Уставен суд да избере претседател
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров, на кој на Нова година загинаа 230 луѓе
-
Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија