На Олимпијадата во Токио можно ограничување на движењето на спортистите и намалување на бројот на гледачи
Гувернерот на Токио, Јурико Коике, рече дека јапонската влада и организациониот одбор на Олимпијадата размислуваат за поедноставена верзија на Игрите во 2021 година, поради ситуацијата со коронавирусот.
– Одржувањето на Олимписките и Параолимписките игри бара разбирање од народот во Токио и граѓаните на Јапонија. За да го направиме ова, треба да го рационализираме она што треба да се рационализира и да го поедноставиме тоа што треба да се поедностави, рече Коике.
Гувернерот коментираше по написот во јапонското издание на Јомиури за можните мерки на претпазливост на Игрите во Токио.
Организаторите на турнирот разгледуваат различни опции: задолжително тестирање за коронавирус за гледачи, намалување на бројот на навивачи, ограничување на движењето на спортистите надвор од олимпиското село.
Олимписките игри во Токио беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирус. Турнирот треба да се одржи од 23 јули до 8 август 2021 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
-
Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
-
Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
-
Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ако се почитува одлуката на Владата, ќе се намалат трошоците за храна
-
СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола