Бизнис
14. December 2017 - 20:34

На околу 65.000 земјоделци државата ќе им ги враќа парите од уплатениот персоналец

Парите од персоналецот кој ќе го платат догодина,  земјодлеците ќе ги добијат назад во 2019. Со измените кои ќе стартуваат од први јануари откупувачите во име на земјоделците  ќе го плаќаат данокот, но поврат  на парите ќе добијат сите  производители со приход до милион денари. Со ова како што вели ресорниот министер  државата ќе направи регистар на сите нерегистрирани  производители  и ќе има увид кој што и колку произведува.

Николовски вели дека со тоа што откупувачите ќе го плаќаат данокот , змејоделците ќе бидат осолободени од административни трошоци  односно поднесување на даночни пријави.

Досега змејоделците со приход до 5000 евра беа целосно ослободени од обврската да плаќаат персоналец.

Надлежните ги утврдија измените откако првин сакаа да ги однаочат сите нерегистрирани земјоделци без да има  поврат на данокот. Но по реакциите во јавноста се донесе одлуката за целосно враќање на парите.

Со ова ќе бидат опфатени околу 65 000 земјоделци.