На министерски состанок во Белград ќе се одлучува за зголемените царини на Косово

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од утрешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ.
Косово ја воведе т.н. времена мерка на 18 јули годинава. Мерката предвидува 30 проценти повисоки царини за увезеното овошје и зеленчук, а ќе трае три месеци и важи за сите држави кои извезуваат на косовскиот пазар.
Земјите од регионот го осудија ваквиот потег и побараа повлекување на одлуката, образложувајќи дека е спротивна на ЦЕФТА Договорот и дека се коси со правилата за слободна трговија. Преиспитување побара и Европската комисија.
Ресорните министри од македонска страна веднаш по воведувањето на косовската мерка изразија очекување дека ќе биде повлечена. Оценија дека е паушално донесена, без аргументи за зголемен увоз и евентуални штети, како и дека е правно и формално нејасна. Министерството за земјоделство кое го потврди учеството на утрешната средба во Белград, вчера уште еднаш порача дека ако Косово не ја укине одлуката, Македонија ќе преземе контра-мерки за заштита на домашното производство.
Во меѓувреме, се бројат штетите од речиси стопираниот извоз кој, според стопанствениците, е нула во споредба со извозот пред воведувањето на одлуката кога бил преку 100 тони дневно. По минимум четири шлепери ја поминувале границата, а сега, максимумот е околу 30 тони.
Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари - јуни 2018 година е над 2,5 милијарди денари. Увоз на земјоделски производи од Косово нема. Според Министерството за земјоделство, од одлуката на Косово најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
