На место каде е дозволено 80 возел 174, уапсен 55 годишник од Гостивар

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с.Копачиндол, тетовско.
Н.Н. управувал патничко возило „фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, А.А. управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час, додека Л.С. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час.
Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
