Македонија
18. January 2024 - 12:19

На Меѓународниот аеродром Скопје фатен Холанѓанин со фалсификуван пасош

На 17.01.2024 во 12.45 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при извршена пасошка контрола на Г.Р.Х.А.(52) од Холандија, било констатирано дека во оперативната евиденција за него има барање од Интерпол, а исто така, постоело сомнение дека холандската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана.

Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека холандската патна исправа ја купил во Република Турција, а неговата иранска патна исправа ја дал во замена за холандската. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.