На матурска вечер во Ричмонд убиени матурант и неговиот татко, седум други лица се ранети
Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукотница што се случи вчера во парк во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата.
По пукањето приведени се две лица, едниот осомничен бил пуштен на слобода бидејќи полицијата смета дека тој не бил вмешан во нападот.
-Престрелката избувнала малку по 17 часот по локално време во кампусот на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“, каде се одржуваа локалните матурски церемонии, изјави привремениот шеф на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс, и други официјални лица.
Би-би-си наведува дека во пукотницата се убиени 18-годишен матурант и неговиот 36-годишен татко.
-Еден од осомничените има 19 години, рече Едвардс додавајќи дека „полицијата верува дека 19-годишникот познавал барем една од жртвите“.
„Дали ништо повеќе не е свето, запраша на прес-конференција градоначалникот на Ричмонд, Левар Стони.
-Детето треба да може да оди на матурска и да ужива во успехот со пријателите и семејството. Ова пукање е себичен чин, рече градоначалникот Стони, пренесе Би-би-си.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
