На Марин Ле Пен и е наредено да му врати на Европскиот парламент околу 300.000 евра
На Марин Ле Пен, претседателката на Националниот фронт, и е наредено да му врати на Европскиот парламент околу 30. 000 евра поради фиктивните вработувања на двајца нејзини соработници, јавува дописникот на МИА од Париз.
Марин Ле Пен воопшто не се огласи по сомневањата за фиктивното вработување на сопругата на Франсоа Фијон, кандидатот на Републиканците за претседател на Франција, како парламентарна соработничка. Фијон одговараа пред истражниот судија, а претседателската на Националниот Фронт молчи по ова прашање, бидејќи и таа е обвинета за фиктивно вработување, но од страна на Европскиот парламент.
Тааа мора да почне со плаќањето на околу од 300.000 евра на Европскиот парламент, поради тоа што две лица кои беа на платниот список на парламентонтот како нејзини соработници не работеле во Парламентот, туку за нејзината партија во Франција.
Марин Ле Пен вкупно и должи 340.000 евра за европска институција.
Првото писмо со кое бара враќање на неправедно добиените средства е испратено на 9 декември 2016 за најсериозниот случај во врска со Катрин Гризе, за која претседателката на Националниот Фронт ќе треба да започне да плаќа од денеска.
Катрин Гризе беше акредитиран помошник во Европскиот парламент во текот на неколку години, но таа не работеше во просториите на институцијата. Исто така, ЕП оцени дека таа вршеле „признати активности" во седиштето на Националниот фронт во Нантер, под директна надлежност на партијата.
Со други зборови, претседателката на Националниот Фронт се стекнала корист од европските фондови за локалното вработување во Франција, спротивно на Деловникот. Во овој случај, вкупниот износ кој таа треба да го врати е околу 298.400 евра.
Вториот случај се однесува на еден асистент, Тиери Лежиер, телохранителот на Марин Ле Пен, за околу 41.500 евра. Во овој случај, наплатата се очекува да започне подоцна, бидејќи писмото на Европскиот парламент беше испратено во средината на јануари.
Доколку не ги враќа средствата, Марин Ле Пен би можеле да загуби 50 отсто од нејзината европратеничка плата, наведуваат парламентарни извори.
До денеска, Марин Ле Пен не обезбеди докази за нивната работа во Европскиот парламент. Претседателката на Националниот фронт, всушност, имаше можност да ги оправда овие две работни места преку обезбедување на елементи кои сведочат за нивната веродостојност. Но, таа не понуди објаснување.
Паралелно со постапките кои се покренати од страна на Европскиот парламент, финансискиот оддел на јавните обвинители во Париз отвори во средината на декември кривична истрага за овој случај за злоупотреба на довербата и примање на украдена стока, измама од страна на организирана банда, фалсификување и употреба на лажна и недозволена работа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули