На македонскиот државјанин кој уби две жени во Тирана му се заканува доживотен затвор
На македонскиот државјанин Перпарим Адеми, кој на пладне на 31 декември смртно застрела две жени во Тирана, му се заканува казна доживотен затвор.
Основниот суд во Тирана веќе му изрече мерка притвор и покрај тврдењата на адвокатот дека неговиот клиент се покајал за делото и се наоѓа во сериозна здравствена и психолошка состојба.
Според истражните дејствија Адеми(59), испукал 26 куршуми од автоматска пушка, кинеско производство, ги изрешетал двете жени а дел од куршумите завршиле во ѕидовите во станот што се наоѓа на четврти кат од станбена зграда во населбата „Астир“ во Тирана.
Повод да го изврши делото, како што самиот изјавил по апсењето, била љубомората, откако една од жените, Жанета Метани, со која живеел во вонбрачна заедница одлучила да ја прекине истата.
– Ден пред трагичниот настан, на 30 декември имало жестока расправија меѓу Адеми од една и Метани и нејзината сестра Крстина Барди, од друга страна, бидејќи Адеми не сакал да ја прекине врската затоа што потрошил многу време и пари за Жанета, по што се заканиле дека ќе го пријават во полиција. Повторно се вратил истиот ден но тие не му ја отворале вратата, па следниот ден на пладне принудил дете кое го познавале сестрите, да тропне на вратата. Кога ја отвориле вратата се обиделе да го истуркаат, но тој успеал од торбата што ја носел да го извади оружјето и почнал да пука. Откако го испразнил шаржерот, го фрлил оружјето и се дал во бегство, стои во документот од истрагата.
Сведоци на крвавиот настан биле детето што тропнало на вратата, како и детето на Кристина, која како што самиот Адеми признал пред истражниот судија, претходно му била љубовница. Рекол дека детето е негово, но оти официјално не го признал.
Пред истражните органи изјава дала и сопругата на Адеми. Таа рекла дека знаела за неверството на сопругот, но за да го зачува семејството молчела, па дури и се дружела со двете сестри. Таа додала дека семејството Адеми и сестрите често меѓусебно се посетувале, па дури и патувале заедно.
Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана а од пред неколку месеци само во Тирана.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии