Фудбал
16. February 2020 - 12:31

На Ливерпул му се „насмевнува“ екстра титула

Манчестер сити ќе мора целосно да го смени начинот на кој го води фудбалскиот бизнис по двегодишната европска суспензија од страна на УЕФА, но во посебна истрага на Премиер лигата, можно е да ја загуби шампионската титула од 2014 година, која ќе заврши кај Ливерпул, тврди британскиот „Дејли мејл“.
 
Ако Сити се обвинети од Премиер лигата, постои можност да се одземаат поени и ретроактивно, што значи дека титулите од минатото на богатиот тим ќе бидат на „удар“. Периодот на истрага е од 2012 до 2016 година, период во кој УЕФА  тврди дека клубот ги „лажирал“ податоците за парите добиени од спонзорите. Не е јасно дали ова ќе влијае на титулата од 2012 година, но секако може да влијае на таа во 2014.
 
Сити нема да добијат поддршка од преостанатите 19 премиерлигашки клубови, кои ќе гледаат корист во постојаното ослабување на тимот. Правилата на Премиер лигата се „помеки“ од тие на УЕФА, и дозволуваат загуби од 105 милиони фунти во три сезони.
 
„Граѓаните“ во 2014 година ја освоија титулата со два поени предност пред Ливерпул, во сезона која беше одбележана со лизгањето на Стивен Џерард на мечот со Челси и крајот на надежите за трофеј. Останува дас е види дали истрагата ќе дојде до овој степен.