-->
-->
На Ливерпул му беа потребни 5 гола за победа
-->
Фудбалерите на Норич и Ливерпул одиграа неверојатен меч на „Кероу Роуд“, кој го зачинија со девет голови. Ливерпул успеа да слави со 4:5, откако во 53.минута Норич имаше предност од 3:1. Норич го забележа третиот последовен пораз, додека Ливерпул го прекина постот од три натпревари без триумф.
Ливерпул во 18.минута, преку Фирмино, го отвори резултатот, но до крајот на полувремето, Норич направи целосен пресврт, најпрвин Мбокани во 29.минута постигна прекрасен гол со петица, а потоа Нејсмит погоди во 41.минута.
Нејсмит го одигра првиот натпревар за Норич, тој пред неколку денови пристигна од Евертон во трансфер кој изнесуваше осум милиони фунти.
Второто полувреме започна лошо за Ливерпул, Хулахан од пенал го зголеми водството на Норич.
Сепак само две минути подоцна, во 55-та, Хендерсон намали на 2:3, а во 63.минута Фирмино со својот втор гол на натпреварот израмни на 3:3.
Капитенот на Норич Мартин, во 75.минута направи катастрофална грешка и му овозможи на Милнер да постигне лесен гол.
Вистински делириум на стадионот предизвика голот на дефанзивецот Басонг во 92.минута, со кој израмни на 4:4.
Сепак три минути подоцна Лалана ја искористи конфузијата во домашната одбрана и го постави конечниот резултат 4:5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит