-->
-->
На Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите
-->
На грчкиот остров Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите, кои се удавиле во Егејското Море додека се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат грчки медиуми.
На гробиштата Свети Пантелејмон досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.
- Веќе нема останато место на гробиштата дури и каде е одредено да се погребуваат сиромашни покојници, вели Христос Мавридакис, шеф на едно од главните гробишта на островот. - Нешто треба да се направи. Тука има многу, премногу гробови, нагласува тој.
Грчки медиуми јавуваат дека никој веќе не може да каже каде ќе бидат погребани следните покојници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите