Свет
8. September 2023 - 10:26

На Куба уапсени 17 лица осомничени дека регрутирале мажи да се борат на руската страна во Украина

Кубанските власти уапсија 17 лица осомничени за поврзаност со синџир за трговија со луѓе кои дејствуваат од  Русија за да регрутираат мажи за војната во Украина.

Кубанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека работи на „неутрализирање и разоткривање на мрежата за трговија со луѓе што дејствуваат од Русија за да вклучат кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените операции во Украина.

соопшти кубанската влада. Шефот на истрагата Цезар Родригез синоќа изјави дека досега се уапсени 17 лица, без да ја прецизира нивната националност.

Обвинителите истакнаа дека за такви дела предвидени се затворски казни од 30 години до доживотен затвор или дури и смртна казна.