Свет
21. March 2020 - 8:38

На Куба од вторник е забранет влезот за странци

Куба од вторник го забранува влегувањето на островот на странците, освен на оние кои имаат дозвола за престој во ова земја, најави претседателот Мигел Дијас-Канел.

Обраќајќи се синоќа на државната телевизија тој кажа дека одлуката е донесена во обидот да се запре ширењето на коронавирусот на Куба, пренесоа британските медиуми.