Македонија
12. April 2018 - 10:43

На Косовец му се запали камионот кај Арнакија

Синоќа околу 20 часот на автопат Тетово – Скопје, во близина на с.Арнакија, И.Г. од Косово, додека управувал товарно возило „Ивеко“ со косовски регистарски и национални ознаки, забележал дека се запалил еден од пневматиците, по што оганот се проширил и ги зафатил и опожарил и другите пневматици. 

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема.