Живот
18. January 2016 - 11:53

На истокот на Јава со традиционални маскенбали се повикува дождот, но и туристи

На истокот на индонезискиот остров Јава припадниците на домородното племе Банјуванги, ја започнаа сезоната на маскенбали и ритуали со кои се повикува дождот.

Бaнјувангите се едно од 173 посебни племенски групи што живеат во оваа 256 милионска држава и нивните ритуали за повикување на дождот се прогласени за уникатни. Во тренд на времето, локалните власти се обидуваат оваа традиција да ја прогласат и за туристичка атракција.

Во над 150 села на истокот на Јава на главната церемонија најсилниот маж, маскиран како бивол, на локален јазик „Кебо’’, ја предводи рупата маскирани соселани. Спорд вековната традиција, најсилниот маж избран да биде Кебо ќе биде и формален поглавар на селото.

За да се привлечат и туристите, минатиов викенд во Денпасар, на островот Бали, пред голем број посетители од странство, под име Кебо – Кебоан беа изведувани „перформансите’’ што се дел од локалните манифестации.