На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 830 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 56 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
-
МОН: Успешна учебна година на учениците и наставниците
-
Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени
-
Без вода дел од Батинци и Љубош
-
По повод почетокот на учебната година премиерот Мицкоски и министерката Јаневска во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
-
Почнува новата учебна 2025/2026 година
-
Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
-
Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме