На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 40 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 21 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 35, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
