На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 326 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 560 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената