На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 314 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 35 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 13, Кавадарци 20, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ
-
Сончево со локална облачност, температура до 35 степени
-
Запленети над 1,5 тони марихуана во голема операција во Белград