На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 134 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 9 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 4 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 209 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден