Свет
8. October 2015 - 9:00

На Хокаидо во прекин железничкиот и авионскиот сообраќај поради ураган

Дваесет и третиот ураган годинава, кој се приближува кон северната јапонска префектура Хокаидо предизвика прекин на железничкиот и авионскиот сообраќај.

Препорака за евакуација е испратена до околу 5.000 луѓе.

Поради ураганот прекинат е железничниот сообраќај на повеќе од 150 линии и откажани се 92 летови. Поради лошото време затворени се 105 училишта.

Во моментот ураганот се движи кон Хокаидо со брзина на ветерот од 35,7 метри во секунда, а утре се очекуваат поројни дождови.