На Хималаите почина македонскиот планинар

Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал вчера од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.
Веста е објавена на сајтот „Хималајан“, и на веб страницата на Планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
-63 годишен алпинист од југоисточна Европа почина додека се обидувал да се искачи на највисоката планина во светот попладнево, објавија официјалните претставници на базниот логор.
Веста за смртта на македонскиот алпинист ја потврдил и менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа.
-Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор, додал Шерпа.
Доктор Георги Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.
На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Георги Петков тргна на 24 март годинава, а според планот требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
