-->
-->
На Хамилтон не му беше дозволен влез во „Кралската ложа“
-->
Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон не доби дозвола за влез на финалето на Вимблдон поради непочитување на правилата за облекување.
Тој не можеше во живо да го гледа мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер затоа што не беше соодветно облечен.
Хамилтон пред почетокот на финалето се појави пред „Кралската ложа“ со ВИП покана, но без соодветно одело, па редарите на влезот му забранија да влезе на Централниот терен.
Формула 1 шампионот носеше кошула и шешир, но на себе немаше ниту сако ниту кравата што е задолжително за сите ВИП посетители.
На Вимблдон правилата за дрес кодот ригорозно се почитуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци