На Гренланд „масовно“ се топи мразот
Гренланд во средата загуби огромно количество мраз, што се стопи поради високите температури предизвикани од климатските промени. Според научниците стопената вода е доволна за да ја покрие американската сојузна држава Флорида со 5,1 сантиметри.
Тоа е трета најголема загуба на мраз на Гренланд во еден ден од 1950 година. Другите два рекорда се случија во 2012 и во 2019 година.
Брзото топење е последица на топлиот воздух, заробен над арктичкиот остров, што го смени моделот на атмосферска циркулација. Тоа може да доведе до уште поголемо топење на мразот.
– Само во средата (28 јули), околу 22 гигатони мраз се стопија, од кои 12 гигатони се влејаа во океанот, а 10 гигатони беа апсорбирани од снежната покривка, што може повторно да ја замрзне водата, изјави климатолог на Универзитетот во Лиеж во Белгија, Хавиер Фетвајс.
Во средата, температурите на воздухот над Гренланд беа алармантни, при што во Констабл Пинт, во источниот дел на островот, достигнаа дури 23,2 степени Целзиусови.
Данска група истражувачки институции на Арктикот, Поларен портал, на Твитер го опиша феноменот на Гренланд како „настан за масовно топење“. Иако волуменот на топење е помал отколку во 2019 година, погодената област е поголема.
Научниците проценија дека топењето на ледената покривка на Гренланд, втората по големина на Земјата после Антарктикот, предизвика зголемување на глобално ниво на морињата за околу 25 проценти во изминатите децении.
Научниците предупредуваат дека моделите што се користат за проектирање на идната загуба на мраз не го регистрираат влијанието на променливите обрасци во циркулацијата на атмосферата, што значи дека можеби се потценува идното топење на мразот во Гренланд.
Ново на Сител
-
Лукашенко оди во посета на Москва
-
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-
Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите
-
Алкалоид на висински подготовки во Маврово
-
Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП