На граничните премини во Албанија годинава одземени непријавени 1,1 милион евра
Албанските царинарници во изминатиот период од годинава спречиле обид за нелегално внесување на 1,1 милион евра.
Само во месец јули и првите денови од август биле одземени 345.000 евра, фунти и швајцарски франци, додека во првите шест месеци над 800.000 евра. Само во еден случај одзмени се пола милион евра од лице кое пристигнало од Италија.
Случаите се регистрани на меѓународниот аеродром во Тирана, на пристаништето Драч, како и на преминот Морина на границата со Косово и премините Какавија и Капштица на границата со Грција.
За сите овие случаи на непријавување на парични средства на граничните премини покрената е соодветна постапка против повеќе од 20 лица.
– Овој растечки тренд на обиди да се донесат непријавени пари во нашата земја е поврзано со фискалната амнестија што се очекува да биде изгласана набрзо, па иселениците ја избраа летната сезона да донесат пари во Албанија, потврдуваат од полицијата за Ора њуз телевиизја.
Според истиот извор освен пари, запленети се и многу други вредни предмети, како доказен материјал.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце