-->
-->
На граничниот премин „Табановце“ се чека до 60 минути
-->
Зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин „Табановце“ каде времето на чекање за излез од државата е од 45 до 60 минути, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП