На Градскиот стадион во Кочани започна монтирањето на системот за наводнување

Активностите околу доопремување и модернизација на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани се одвиваат според предвидената динамика и се реализираат фазно.
Механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ работеше на ископ на каналите околу фудбалскиот терен, кој целосно е завршен. Од денеска започна и монтирањето на опремата, за да може во најкус можен рок таа да се активира.
- Станува збор за цевководна инсталација и водени топови со распрскувачи со кои ќе се врши наводнување на тревата на теренот. Опремата е автоматизирана што значи дека наводнувањето ќе се врши според потребите и од сопствен бунар за техничка вода што максимално ќе ги намали трошоците по тој основ, изјави Владо Андов претседател на Трета фудбалска лига - исток.
По завршувањето на оваа фаза веднаш ќе започне да се реализира втората, која се однесува на соодветна обработка на површинскиот слој на теренот, со цел да се рехабилитира и да се елиминираат деформитетите, односно нерамнините. Дури потоа ќе започнат активностите за поставување на 3.000 столчиња на двете трибини и соодветно преуредување на просториите за службени лица во внатрешноста на подтрибинскиот простор.
Се очекува Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани од наесен да биде подготвен за одржување на меѓународни натпревари од повисок ранг.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
