-->
-->
На градската депонија во Велес пуштена во употреба фотонапонска сончева централа
-->

ЈКП „Дервен“ на градската депонија во Велес денеска ја пушти во функција фотонапонската сончева централа и пресата за балирање на отпад од пакување.
На пуштањето во функција на фотонапонската централа со 24 панели во вредност од 10 илјади евра, обезбедени од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес, присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев.
Како што појаснуваат од ЈКП „Дервен“ економски најефикасно и еколошки најприфатливо решение е поставување изолиран фотоволтаичен (OFF GRID) систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на депонијата односно за ноќно осветлување на депонијата бидејќи веќе една година градскиот смет се собира и ноќе.
Фиданчо Цеков директор на ЈКП „Дервен“ информира дека очекуваното производство на електрична енергија од целиот систем е 9MWh/годишно, бидејќи локацијата припаѓа во подрачје со зголемено траење на сончевото зрачење со 280 денови во годината. Потребите досега, подвлече, се обезбедуваа од дизел агрегат кој не беше доволен за планираните активности на депонијата.
Градоначалникот Чадиев, потсети дека „Пакомак“ ДОО Скопје и донира на Општина Велес хидраулична преса за правење бали од селектиран отпад од пакување која иницијално многу ќе помогне во оперативност на системот и олеснување на работата околу складирањето и транспортот на отпадот.
Се очекува до крајот на ноември на депонијата да биде поставено депо за складирање на отпад од елктронска опрема, отпадни батерии и акумулатори, опасен отпад.
Инаку,изминатиот период се изврши комплетно оградување на депонијата и поставување на систем за перење на возилата кои го транспортираат и одложуваат отпадот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
